Македонија,Крими хроника

Во штала во Тетово откриено оружје и муниција

Во штала во Тетово откриено оружје и муниција

СВР Тетово вчера извршиле претрес во домот и други простории на дваесет и шестгодишниот тетовец М.Љ. и притоа во штала лоцирана на улица Браќа Миладиновци се пронајдени автоматска пушка со дрвен кундак и бајонет, рамка во која имало 14 куршуми, најлонско ќесе со 458 куршуми, три празни рамки, како и две парчиња пиштолска муниција.

Се што е пронајдено е фотодокументирано, со потврда е одземено и ќе се вештачи,. М.Љ,  неговиот татко  Х.Љ.(65), и брат М.Љ.(31), кој го попречувал претрeсот, приведени се во СВР Тетово.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.