Во шума во Украина најдени дел од малезискиот авион и човечки останки

Дел од трупот на малезискиот авион и уште човечки трупови биле откриени во шумски предел во Украина.

– Вчера најдовме човечки останки, а денеска уште, изјавил порпаролот на специјалната мисија од набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Мајкл Бочуркив.

Бочуркив го посети реонот на несреќата во Доњецк заедно со експертите од Холандија, Малезија и Австралија.

За австралиската екипа ова беше прва посета на местото на несреќата. Во малезискиот авион имаше 37 Австралијци.