Во Швајцарија недостигаат машиновозачи

Швајцарската железница има дефицит од машиновозачи и за нив е во потрага и во странство, тврди весникот „Ноје цирихер цајтунг“.

Според железницата, „исушен е пазарот на машиновозачи“ во земјата поради што итно се потребни работници од странство, пред се од Германија. Наводно, во железницата недостасуваат по најмалку 50 машиновозачи дневно.

Поради потребата од подобрување на актуелната состојба, швајцарската железница има намера да врати на работа дел од веќе пензионираните машиновозачи. Сепак, долгорочниот план да се поттикне обука на нови, 169 машиновозачи.