Во силниот земјотрес повредени 120 лица

Сто и дваесет лица се повредени во вчерашниот земјотрес со јачин аод шест степени според Рихтеровата скала кој ја потресе северна Калифорнија.

Како последица на земјотресот избиле повеќе пожари, оштетени биле некои историски згради, а без електрична енергија останале илјадници домови и продавници во заливот Сан Франциско.

Најмалку 120 лица се повредени, претежно со исеченици, а две лица се хоспитализирани поради срцев удар, а три поради скршеници.

Три лица, од кои двајца возрасни и едно дете се потешко повредени.

Гувернерот на Калифорнија Џери Браун прогласи поради вонредна состојба во делови од американската сојузна држава, при што државните служби добиле упатства, како да се ангажираат за помош на населението и во расчистување на разурнатите објекти.

Ова е најсилниот земјотрес, кој го потресе подрачјето на Заливот Сан Франциско од 1989 година, кога беше регистриран земјотрес од 6,9 степени и во кој загинаа повеќе од 60 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.