Во Сингапур до 2022-та ќе возат автобуси без возач

Автобуси без возач ќе се појават во 2022 година на улиците во Сингапур во рамките на плановите за подобрување на мобилноста во пренаселениот азиски град-држава, кој би можел да стане клучен гпобален играч во оваа технологија.

Сингапур досега успешно се справуваше со сообраќајниот метеж, во какви што се гушат другите азиски градови, како што се Манила и Џакарта, користејќи се со надоместоци за користење на патиштата и со големи субвенции во јавниот транспорт, па поради тоа и се вбројува меѓу најскапите градови во светот за сопствениците на автомобили.

Сега властите на Сингапур имаат намера да усвојат технологија на автобуси без возачи со цел уште дополнително да ги одвратат граѓаните од користењето на атомобилите и подобрување на мобилноста.

Ваквите автобуси без возач ќе се вклучуваат во сообраќајот во часовите во коишто се бележат најголемите сообраќајни метежи. Ќе сообраќаат во три нови приградски населби во рамките на пилот прокет, изјави во средата министерот за сообраќај Кав Бун Ван.

„Автономните возила значително ќе ја подобрат достапноста и поврзаноста на нашиот систем на јавен превоз, особено за постарите семејства со мали деца и за помалку подвижните жители“, изјави министерот при преставувањето на центарот за тестирање самоодни возила.

Министерот рече и дека оваа технологија ќе му помогне на Сингапур „да го ублажи недостигот од простор и работна сила што моментално го ограничуваат системот за патен транспорт“ и изрази надеж дека градот-држава е стане клучен глобален играч во овој сектор.

Властите на Сингапур бараат сугестии од индустриските и истражувачките институции за потребите за спроведување на проектите. Нивните предлози ќе бидат вклучени во расправата по мај 2018 година, рече министерот.

Околу десет локални и странски компании во Сингапур во моментов тестираат технологија за самоодни возича. Некои водеќки играчи во овој сектор сметаат дека во Сингапур за една деценија автономните возила „без никаква форма на човечка интервенција ќе возат на автопатите и во фреквентните градски улици“, вели Кав.