Во Сирија исчезнаа околу 250 работници

– Од понеделникот изгубивме контакт со околу 250 работници од фабриката „Бадија“ и не знаеме каде се, изјави службеник во фарбиката за цемент.

Според весникот, семејствата на исчезнатите стравуваат дека тие се киднапирани од страна на ИД.

Од своја страна, Сирискиот центар за мониторинг на човековите права објави дека верува оти припадници на ИД киднапирале „десетици вработени“ во фабриката во Дмеир, град што се наоѓа на 50 километри источно од Дамаск.