Во Сирија ослободен дански фотограф

Данскиот фотограф, Даниел Ри Отесен, е ослободен во Сирија по 13 месеци поминати во заробеништво, соопшти Министерството за надворешни работи на Данска.

Отесен бил заробен на 17 мај 2013 година откако заминал да ги документира во Сирија конфликтите и животните услови на цивилите, а посебно на децата.

Во соопштението се наведува дека и покрај околностите, фотографот добро се чувствува и наскоро ќе биде со своето семејство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.