Во Сирија убиена британската џихадистика „Белата вдовица“?

Британските медиуми The Times и The Sun повикувајќи се на британски разузнавачки извори објавија во четвртокот дека Сали Џонс, којашто преку интернет преку ѝ се приклучила на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава била убиена во напад на американско беспилотно летало заедно со 12-годишниот син, но меѓународната коалиција предводена од САД објави дека не може да го потврди загинувањето на британската џихадистка.

Повикувајќи се на британски разузнавачки извори весникот The Sun пренесува дека Џонс и нејзиниот син биле убиени о во јуни, во близина на сириската граница со Ирак, додека се обидувала да побегне од исламистичкото упориште Рака.

Меѓутоа, во четвртокот вечерта, меѓународната коалиција предводена од САД, објави дека не може да го потврди ликвидирањето на Сали Џонс, изјави портпаролот на коалицијата Рејан Дилон.

„Не можам да ја потврдам смртта на пропагандистката на Исламската држава Сали Џонс во воздушен напад на коалицијата“, објави Дилон на Twitter.

Пробратената во исламот Сали Џонс, поранешна членка на панк група, од британските медиуми беше наречена „Белата вдовица“, откако нејзиниот сопруг имигрант Џунаид Хусеин, исто така, припадник на Исламската држава, загина во Сирија во 2015 година во воздушен напад. Позната и како Ум Хусеин Британи, се верува дека во 2013 година заминала во Сирија од својот дом во Чатам, на југот од Англија заедно со нејзиниот син, каде што се омажила за Хусеин кого го запознала преку интернет.