Во Сирија убиени 16 борци на Фронтот ал Нусра

Шестнаесет борци на Фронтот ал Нусра, кој е поврзан со Ал Каеда се убиени во воздушен напад во северозападна Сирија, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

– Се уште не е познато дали воздушниот напад, извршен по средбата на Фронтот ал Нусра во напуштената военовоздухопловна база Абу ал Духур, е дело на Русија и САД, кои војуваат против групацијата во Сирија, изјави директорот на Центарот Рами Абдел Рахман.

– Базата беше силно бомбардирана при нападот, додаде тој.