Во сириска Дума најдени полнењa од англиски Солсбери, очевидец ќе сведочи дека немало хемиски напад

Сириските владини сили откриле во провинцијата Источна Гута, којашто до недамна беше под контрола на исламистичката групација Џаиш ал-Ислам, хлор и димни полнење од западно производство, изјави во четвртокот портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

„На ослободените територии во Источна Гута сириските владин војски открија контејнер со хлор, најстрашниот вид хемиско оружје, од Германија, како и димни гранати произведени во градот – внимавајте – Солсбери!“, изјави Захарова на брифингот со новинарите во Москва, пренесува агенцијата РИА:

„Овој факт секако е тешко да биде коментира, бидејќи станува збор за застрашувачко и ја поткопува вербата во човечноста од страна на одредени држави. Ние, се разбира, не зборуваме за целите тие земји, туку за оние политичари и челници кои издаваат такви наредби и преземаат такви одлуки“, истакнала Захарова.

Истовремено таткото на момченцето, кое е снимено на видео од ткн невладина организација „Бели шлемови“ кои ја поддржуваат западните земји, а владата во Дамаск ги третира како групација која под маската на спасувачи и хуманитарни работи изведува субверзивни акции во полза на бунтовниците, е подготвено да сведочи дека во градот Дума на 7-ми април не се случил никаков напад со хемиско оружје.

Таткото, кој се претставил како Омар Даиб, потврдил дека ќе сведочи пред која и да е меѓународна организација, дека не е вистинито тврдењето на „Белите шлемови“ кое потоа го преземаа медиумите а го прифатија владите на западните земји поради што на 14-ти април изведоа ракетни напади врз Сирија.

„Немаше никакви траги од повреди со хемиско оружје кај мојот син, тој беше малку подисплашен но здрав. Јас и моето семејство сме подготвени да сведочиме во кое и да е место на светот, било во Женева, било во Њујорк, дека немаш никаква примена на хемиско оружје“, изјавил мажот, пренесува агенцијата ТАСС.

Единаесетгодишнот син на Диаб, претходно во репортажа за телевизијата Россия 24 дека борците на исламистичката групација Џаиш ал-Ислам му дале за учество во видео материјалите бисквити и колачи.

Порано седмицава постојаниот претставник на Русија во Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW), Александар Шулгин, изјави дека руските експерти кои ги проверувале извештаите за наводната употреба на хемиско оружје во Сирија на теренот во Дума, наишле на лица кои се гледаат на снимките кои ги лиферуваат „Белите шлемови“ како сведоци на наводниот напад. Русија има намера да ги донесе на состанокот на OPCW оние кои учествувале во подготовката на провокацијата во Сирија, додаде тогаш дипломатот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.