Свет

Во сириски напад врз територија на ИД загинаа 43 цивили

Во сириски напад врз територија на ИД загинаа 43 цивили

Најмалку 43 цивили загинаа во воздушниот напад на сириската армија на територијата која е под контрола на џихадистите од Исламска држава, соопшти денеска сириската Опсерваторија за човекови права, пренесува МИА.

– Цел на нападите бил сточниот пазар во областа Тал Хамис, која е под контрола на ИД , соопшти Организацијата.

Тал Хамис се наоѓа во провинцијата Хасекех, чиуј поголем дел е под контрола на припадниците на сириските власти и курдските сили, но некои подрачја се под контрола на џихадистите.

Опсерваторија за човекови права претходно соопшти дека во воздушните напади во истото подрачје вчера загинаа 27 луѓе.