Во Скопје 10 сообраќајки со исто толку повредени од кои еден потешко

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случија 10 сообраќајни незгоди од кои во една потешко е повреден возач на мопед, во пет со полесни повреди се здобиле девет лица, а четири поминале само со материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 43 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи кои не ги почитувале светлосно сигналните уреди, односно поминале на црвено светло на семафорот, седум возачи што за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Санкционирани се и 13 возачи што ги управувале своите возила без возачка дозвола, односно нерегистрирани, четворица возачи на велосипеди што сториле прекршоци по разни основи и 32 непрописно паркирани возила.

Во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во детска градинка „Мајски Цвет“ – матичен објект кој се наоѓа на подрачјето на општина Карпош, притоа ќе бидат реализирани едукативни работилници со децата од средна и голема група.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.