Во Скопје 11 сообраќајки, пет лица полесно повредени

Единаесет сообраќајни незгоди се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје. Во пет од нив со полесни телесни повреди се здобиле пет лица, а шест се со последица материјална штета.

Како што информира СВР Скопје, сообраќајната полиција санкционирала поголем број прекршоци. Вкупно 44 возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, двајца возачи не ги почитувале правилата за престигнување, а 17 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола, односно нерегистрирани. Имало 45 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се 11 пешаци и четворица возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои сториле прекршоци по разни основи. Со помош на специјалното возило отстранети се 65 возила.

Во рамки на сообраќајно-воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „Кочо Рацин“ објекти „Панорама“ и „Бели Мугри“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Центар. Ќе бидат реализирани едукативни работилници со децата од средна и голема група.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.