Во Скопје 11 сообраќајки, потешко повредени три лица

Во Скопје во изминатото деноноќие се евидентирани 11 сообраќајни несреќи. Во две од нив потешко се повредени две лица, во три полесно се повредени три лица, а во шест е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден санкционирала 10 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, четворица не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, 23 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.