Во Скопје 11 сообраќајки за 24 часа

Единаесет сообраќајни несреќи се случиле на подрачјето на град Скопје во изминатите 24 часа.

Од нив четири се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле седум лица.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на мотоцикл, а со телесни повреди двајца сопатници во патничко моторно возило.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Осум возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, пет возачи поминале на црвено светло на семафор и 12 возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувале на возилото.

Затекнати се и шест пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило во текот на вчерашниот ден отстранети се 58 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение од ОУ „Кирил и Методиј“, Стајковци, општина Гази Баба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.