вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 37

Во Скопје 13 сообраќајки, пајакот отстранил 68 возила

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 68 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

полиција

Последни вести

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно 13 сообраќајни несреќи, од кои седум се со материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле девет лица.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Санкционирани се пет возачи кои поминале на црвено светло на семафорите, пет возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и четири пешаци сториле прекршоци по разни основи. Затекнати се и 35 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 68 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Вработените во МЗТ „Леарница“ АД Скопје со почеток во 12 часот ќе одржат протест во централното градско подрачје. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и на овој вонреден настан, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Најчитани вести