Во Скопје 15 сообраќајки, тешко повреден пешак

Од нив, четири се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, четворица сопатници, еден велосипедист и еден возач на мопед.

Пешак е тешко повреден во една од вкупно 15 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје. Во седум полесно повредени се девет лица, а во останатите седум е причинета материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, двајца возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, осуммина за време на управување на моторни возила не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, како и седум возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 47 непрописно паркирани возила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.