Во Скопје 31 сообраќајка за три дена, 13 повредени

Пет лица се тешко повредени, а осум се здобиле со полесни повреди во 13 од  31 евидентирана сообраќајна несреќа во изминатите три дена во Скопје. Во останатите сообраќајки е причинета материјална штета, информира заМИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје.

Во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција открила и санкционирани 92 возачи кои  кои возеле со брзина  поголема од дозволената, 21 кои возеле  под дејство на алкохол  и се исклучени од сообраќај, 11 поминале на црвено светло на семафоите, 22 не користеле сигурносен појас или зборувале мобилниот телефон, а 12  при управување велосипед со помошен мотор, мопед,мотоцикл не носеле заштитен шлем на главата.

Со помош на  специјалното возило пајак  отстранети се 79возила кои во поголема мера го  попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.с

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.