недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 18

Во Скопје 34 сообраќајки изминатиот викенд

soobrakajka (1)

Поврзани вести

Вкупно 34 сообраќајни несреќи се случиле изминативе три дена на подрачјето на Град Скопје.

Во нив со повреди се здобиле четворица пешаци и патниците во возилата, а причинета е и материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден се случиле 14 сообраќајки во кои четири се со последица телесна повреда. Со полесни повреди се здобиле четворица возачи, еден сопатник и еден пешак.

Во саботата сообраќајната полиција извршила увид на 10 сообраќајни несреќи од кои во шест биле повредени четворица возачи на патнички возила, шест сопатници, еден пешак, еден велосипедист и еден возач на трицикл.

Во петокот на подрачјето на главниот град имало вкупно 10 сообраќајки во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко возило и еден пешак. Се случила и една незгода во 19 часот на улицата Јордан Чопела“ во која со тешки телесни повреди се здобил пешак од Скопје роден 2009 година. Тој е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде е задржан на понатамошно лекување.

 

Најчитани вести