Македонија,Економија

Во Скопје ќе се градат нови хотели, се бараат инвеститори

Во Скопје ќе се градат нови хотели, се бараат инвеститори

Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на хотелски комплекси и деловни простории во општина Центар, предвидени со Детален урбанистички план за дел од Спортско-рекреативен центар „Кале“, Блок 2.

Станува збор за две градежни парцели, наменети за изградба на хотелски комплекси кои се со површини од 2.350 и 374.2 м2 чија почетна цена на електронското јавно наддавање ќе изнесува 61 денар од метар квадратен и една градежна парцела, наменета за изградба на деловни простории која е со површина од 2.447 м2 и почетна цена на јавното наддавање од 6.000 денари од метар квадратен.

Пријави за учество на наддавањето може да се достават најдоцна до 26 септември на интернет-страницата www.gradezno-zemjiste.mk. Јавните наддавања ќе се одржат по електронски пат на 30 септември 2014 година.

Право на учество во јавните наддавања имаат физички и правни лица кои ги исполнуваат сите критериуми утврдени во распишаната јавна објава. Целосниот текст на јавните објави може да се прочита на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски – www.mtc.gov.mk