Македонија

Во Скопје одбележан „Инклузивниот ден“ – Сите се смееме, но на различен начин

Во Скопје одбележан „Инклузивниот ден“ – Сите се смееме, но на различен начин

Со свечена програма на учениците и ученичките од АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Скверот Јадран во Центарот на Скопје е одбележан „Инклузивниот ден“, во рамки на заедничкиот проект на Советот на Европа и Европската Унија именуван како „Регионална поддршка за инклузивно образование“ во Југоисточна Европа.

Истовремено, покрај Скопје, сличен настан кој има за цел подигнување на свеста кај јавноста за инклузивното образование, се одржа и во Тирана, Приштина, Сараево, Подгорица, Белград и Загреб под мотото „Сите се смееме, но на различен начин“.

Во Скопје одбележан „Инклузивниот ден“ – Сите се смееме, но на различен начин
Во Скопје одбележан „Инклузивниот ден“ – Сите се смееме, но на различен начин

АСУЦ „Боро Петрушевски“ е едно од 49-те училишта од 48 градови одбрани да бидат пилот – училишта во рамки на оваа регионална програма која заеднички ја поддржаа Советот на Европа и Европската Унија. По три годишното искуство од спроведувањето на инклузивното образование, односно вклучувањето на сите деца во наставно-воспитниот процес, денес децата со подготвената програма покажаа дека овој вид на образование е предуслов за инклузивно општество и дека е возможно во практика.

Успешно спроведениот проект “Unlimited school 4 you” и нашите позитивни искуства од процесот на инклузивно образование се надеваме дека ќе бидат пример и за другите училишта да создадат предуслов за поддршка во креирањето и воведувањето на инклузивното обрзование во редовниот наставен процес“ изјави Соња Атанасовска професорка во АСУЦ „Боро Петрушевски“, која истакна дека преку овој проект е создадена мрежа на училишта и наставници низ која циркулираат искуства и практики од регионот, но и од земјите на Западна Европа.

Учениците од АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Скопјани им приредија програма составена од музички точки и театарска претстава насловена како „Нашето маало“.