Во Скопје се одржува регионална конференција за вработување

Дводневната регионална конференција за вработување започнува денеска во Скопје со тема создавање работни места за поттикнување на еднаквост и просперитет, објави Курир.

Најавено е учество на стотина креатори на политики и експерти од Југоисточна Европа и Турција.

На конференцијата ќе се разговара за тоа како да се реши кризата со невработеноста во регионот и стимулирање на економски раст кој ќе создава повеќе и поквалитетни работни места.

Конференцијата е организирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Меѓународната организација на трудот (МОТ).

На конференцијата ќе бидат претставени успешни примери на политики и програми за промовирање на претприемништвото  како едно од решенијата за високата стапка на невработеност кај младите, прилагодување на програмите за развој на вештините преку со побарувачката на пазарот на трудот, поттикнување на одржливи и „зелени” компании, како и политики кои имаат за цел да го отворат пазарот за најтешко вработливите групи на граѓани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.