Во Скопје вчера 12 сообраќајки, едно лице потешко повредно

Едно лице е потешко повредено во една од вкупно 12 сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во 10 незгоди полесно биле повредени 13 лица, а во една била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои дваесет и пет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло.

Од сообраќај биле исклучени осум возачи кои го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и десет возила поради истечена важност на сообраќајната дозвола и едно возило кое било технички неисправно.

Санкционирани биле и десет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 90 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 80 возила.