Во Скопје вчера 16 сообраќајки,повредени 12 лица

Се случиле и три незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле три лица, информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје.

Во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Петнаесет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Четворица возачи поминале на црвено светло на семафор и шест возачи за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Со помош на специјалното возило во текот на вчерашниот ден отстранети се 46 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ОУ „Александар Урдаревски“, кое се наоѓа на подрачјето на општина Чучер – Сандево и во Подрачното основно училиште во населено место Блаце.