Во Скопје вчера 17 сообраќајки и 15 повредени

Самостојниот инспектор во СВР – Скопје Драган Вељаноски информира дека се случиле и три незгоди во кои со тешка телесна повреда се здобиле двајца сопатници во патничко моторно возило и еден патник во автобус.

По спроведените контроли од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци меѓу кои 12 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Тројца возачи поминале на црвено светло на семафорот, 11 возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а 14 пешаци сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 30 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе одржиме едукативни работилници со учениците од второ и прво одделение во О.У„ Наум Наумовски Борче“ општина Гази Баба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.