Во Скопје вчера 19 сообраќајки, 21 повредени

Се случиле и четири незгоди со последица тешка телесна повреда, во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца возачи на мотоцикл, еден пешак, еден возач на патничко моторно возило и еден сопатник.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Осум возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, пет возачи поминале на црвено светло на семафор и девет возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Санкционирани се и 12 пешаци кои поминале надвор од обележан пешачки премин или, пак, на црвено светло.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 43 возила.

Во делот на превентивните активности ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ОУ „Стив Наумов“, во населба Автокоманда, на подрачјето на општина Гази Баба.