Во Скопје вчера 3 сообраќајки, десетмина повредени

Полицијата извести дека во три сообрачајни несреќи кои се случиле во изминатите 24 часа, дури 10 лица се потешко повредени. Голем дел од повредените се задржани на болничко лекување. Меѓу нив има и тригодишно дете од Австрија.

Првата сообраќајка се случила вчера околу 9.40 часот во Скопје на улицата Македонија. Автобус со скопски регистерски ознаки управуван од М.Д. (41) од Скопје, удрил во пешакот Е.С. (52) од Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се задобила пешакот Е.С. која била пренесена во старата Градска болница.

Околу 19.10 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, во близина кај село Росоман, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „ровер“ со кавадаречки регистерски ознаки управувано од М.К. (22) од Росоман и „бмв“ со австриски национални ознаки управувано од В.К. (28) од Австрија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „ровер“ и сопатникот од истото возило И.Ѓ. (23), кои биле пренесени на скопските клиники, додека со телесни повреди се здобила возачот на „бмв“ и сопатниците од истото возило Л.К. (50), С.К. (30) и едно тригодишно дете сите од Австрија.

Неколку часа подоцна, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, возило „бмв“ со кичевски регистерски ознаки управувано од Ф.С. (23) од селото Бериково се судрил со автомобил „голф“ кој го управувал А.Е. (19) од село Зајас. Во незгодата со тешки повреди се здобиле возачите на двете возила како и сопатникот од „голфот“. Тројцата се задржани на лекување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.