Во Скопје вчера 7 сообраќајки

Како што информира за МИА главниот инспектор Сашо Дамјановски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, 18 возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење и седум возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото. Затекнати се и 34 непрописно паркирани возила, пет лица го управувале возилото без да поседуваат возачка дозвола и 10 лица со необновена регистрација на возилото.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 54 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ одделение во ОУ „Крсте Мисирков“, општина Гази Баба.

Со почеток во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одигра кошаркарски натпревар од Првата лига – финале помеѓу КК МЗТ Аеродром и КК Куманово. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и можно пренасочување на сообраќајот.