четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 51

Во Скопје вчера девет сообраќајки, тројца повредени

soobrakajka-aaa-640x385

Последни вести

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди, од кои седум се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле три лица.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Дваесет и девет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 10 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, како и 10 возачи за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Санкционирани се и 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 67 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ОУ „Цветан Димов“, општина Чаир.

Најчитани вести