Во Скопје вчера 13 сообраќајки

Сообраќајната полиција на подрачјето на Град Скопје извршила увид на вкупно 13 сообраќајки, од кои пет се со последица материјална штета, а пет се со последица телесни повреди.

Во несреќите со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила, пет сопатници, еден пешак, еден велосипедист и еден возач на мопед.

Се случиле и три несреќи со последица тешка телесна повреда, во кои има тешко повредени двајца пешаци и еден мотоциклист.

Сообраќајната полиција открила и санкционирала и 14 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината за движење, 15 не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилата, потоа 6 пешаци кои не поминале на одбележан пешачки премин или пак поминале на црвено светло на семафорот.

Со помош на специјалното возило пајак отстранети се 52 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска се најавени зајакнати контроли за брзината на движењето на возилата и мерки према возачите кои не ги почитувале ограничувањата и оние кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол.