Македонија

Во Скопје вчера 13 сообраќајки

Во Скопје вчера 13 сообраќајки

За 24 часа на територијата на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 13 сообраќајки, од кои пет се со материјална штета, седум се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патнички моторни возила, седум сопатници, двајца пешаци и еден возач на трактор.

Се случила и една сообраќајна незгода, во која со тешки телесни повреди се здобил еден патник во автобус.

По спроведени контроли, откриени се осум возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилата. Сообраќајната полиција санкционирала и шест возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење и пет возачи кои ги управувале возилата без возачка дозвола.

Од страна на специјалното возило пајак во текот на вчерашниот ден отстренети се 42 возила.