Во Скопје врие како никогаш досега: Металург домаќин, но Вардар со поголема поддршка?

Вардарци најавуваа жалба, но тоа не го сторија, а црвено-црната армија навивачи се мобилизираше и купи барем половина од двете илјади влезници кои се продаваа во саботата. Останатиот дел е продаден одамна, Металург се пофали дека повеќе од 3.000 блок-влезници биле купени пред првиот натпревар од ЛШ.

Сепак, ако се гледа профилот на симпатизери на Металург, кој се состои од семејни луѓе и дечиња и навивачка група од 200 членови на групата Пирати, тогаш јасно е дека околу 1.500 Комити ќе бидат и тоа како голема поддршка од трибините на тимот на Андон Бошковски. Се очекува црвено-црните навивачи да бидат „распрснати” на повеќе делови од салата, со оглед на тоа што така и ги купуваа билетите, па ќе биде вистинско уживање вечерва да се биде дел од седумилјадната публика во „Борис Трајковски”.

ЕХФ за овој меч испрати специјален набљудувач, кој ќе треба да им помогне на екипите за организација на натпреварите, но и да запише во тефтерот секаков пропуст или инцидент што ќе дојде од гледалиштето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.