Македонија

во Скопје за три дена 22 сообраќајки

во Скопје за три дена 22 сообраќајки

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 22 сообраќајни незгоди.

Во петокот, на 31 октомври, извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и осум со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле 11 лица, од кои четворица возачи на патничко моторно возило, еден сопатник, двајца пешаци, еден велосипедист и еден мотоциклист.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште шест незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во сабота, на 1 ноември, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и три со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден пешак.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во неделата, 2 ноември, извршен е увид на вкупно три сообраќајни незгоди и истите се со последица материјална штета.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 34 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, девет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 40 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото, како и седум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција во текот на овие три дена отстранети се 67 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе одржи едукативни работилници во основното училиште „Војдан Чернодрински“ кое се наоѓа на територијата на општина Карпош.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.