недела, 30 април 2017  |  Вести денес: 4

Во Скопската котлина најзагадено, од попладне расчистување

Скопката котлина утрово е најзагадена. Највисоки концентрации во осум часот се измерени во Гази Баба 486,21 микрограми на метар кубен, Лисиче 436,82, кај Ректорат 375,69, Карпош 251,55  и во Миладиновци 111,93 микрограми.

котлина

Поврзани вести

Повисоки концентрации се измрени и во Кавадарци од 235,14 микрограми, Куманово 115,37, Велес 93,59, Кичево 58,86, Тетово 50,90 проценти.

Во другите градови концентрациите се во дозволените максимални граници до 50 микрограми.

Според УХМР, од попладне се очекува промена на времето и расчистување на маглата. Во скопската котлина се очекува промена кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец и врнежи од дожд.

Најчитани вести