Во Словачка 15 кандидати во трка за претседател

Петанаесет кандидати ќе учествуваат во трката за нов претседател на Словачка, бидејќи до полноќ ги предадоа документите за кандитатура, објавија словачките медиуми.

Секој од кандидатите морал да собере и да предаде најмалку 15 илјади потписи од Словаците или да има поддршка од најмалку 14 членови на словачкиот парламент.

Најмногу шанси за да го наследи актуелниот претседател Иван Гашпаровиќ, чијшто мандат истекува на 15 јуни, има сегашниот левичарски настроен премиер Роберт Фичо, проценуваат аналитичарите.

Други истакнати кандидат се Милан Кназко водечка фигура во револуцијата со која 1989 е срушен комунистичкиот режим во Чехословачка, како и поранешниот антикомунистички дисидент и конзервативец Јан Чарногурски. 

Првиот круг на гласање за претседател закажане е за 15 март, а доколку ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот ќе се одржи на 29 март.