Во Словенија кампања за вакцинација

За да спречат повеќегодишен тренд на намалување на вакцинирањето против заразни болести, во Словенија се размислува за зголемување на казните за родители кои избегнуваат или не сакаат да ги вакцинираат своите деца.

– Казните сега се од 200 до 500 евра. За зголемени парични казни за избегнување вакцинирање и за ограничувања за невакцинирани деца при упис во градинки се уште се  расправа, бидејќи одлуката треба да се донесе во согласност со оние за кои се однесува, изјави Мојца Гобец, шеф на управата за јавно здравје во Министерството за здравство.

Во Словенија веќе неколку месеци трае кампањата за потребата од вакцинирањето за да се прекине тој тренд за невакцинирање, што го зголемува ризик од епидемии и повторна појава на болест за која мислел дека се минато.

Паника во Детската болница во Љубљана пред една недела предизвика татко од Изола, кој синот го носел на редвен преглед, по што му е утврдено дека е носител на вирус на сипаници, а бил во контакт со стотина луѓе, кои биле повикани на прегледи.

Според Еуростат, Словенија е на дното на листата на стари лица кои се вакцинираат против сезонски грип. Во Словенија се вакцинира секој десетти додека во останатиот дел од ЕУ просекот на вакцинирани стари луѓе е 35 отсто, а во неко западни држави и многу поголем.