Балкан

Во Словенија почна „белиот“ штрајк на полицијата

Во Словенија почна „белиот“ штрајк на полицијата
ФОТО: Blaz Samec/Delo

Во Словенија од понеделникот утрото започна ткн „бел“ штрајк на полицискиот персонал, но се претпоставува дека овој израз на незадоволство ќе се одвива така што нема да бидат загрозени основните должности и обврски во заштитата на граѓаните и имотот.

Според тврдењето на полицискиот синдикат, на овој начин протестираат околу 9.000 вработени полицајци и службеници во словенечкото министерство за внатрешни работи. Во синдикалниот проглас се наведува дека штрајкот ќе трае до исполнување на нивното барање кое се однесува на платите, односно на „нарушените односи“ во системот на плати за јавниот сектор, како и дека сакаат да го вратат статусот кој на оваа професија ѝ припаѓа имајќи ги предвид задачите и одговроноста којашто оди со тоа.

Покрај тоа, синдикатот наведува дека штрајкот е оправдан и дека додека трае ќе се извршуваат само законски предвидените задачи на спречувањето дела коишто претставуваат закани по животот, здравјето и имотот на граѓаните, како и дека нема да се согласат на толкувањето на владата дека штрајкот е неоправдан и „со интереси“ мотивиран, како и дека времето минато во штрајк нема да биде платено.

Денешниот штрајк на полицијаците е првиот од трите најавени штрајкови на службениците во јавниот сектор во Словенија за оваа седмица.

Во вторник двочасовен штрајк ќе одржат вработените во здравството, во домовите за стари лица и центрите за социјална работа, а во среда вработените во секторот на воспитувњето и образованието, кога според најавите на нивниот синдикат ќе бидат затворени детските градиники и училиштата.

Главното барање на повеќето синдикати од јавниот сектор, во бранот штрајкови започнат кон крајот на јануари, е зголемување на платите, односно нивното усогласување со растот на бруто домашниот производ (БДП) од последните години, за примањата на вработените да се вратат на нивото од пред воведувањето на мерките за штедење и рестрикции на платите кои беа воведени во 2012 година поради економската криза.