Во Словенија се појави азискиот стршлен кој убива пчели, но и луѓе!

Словенците во паника – се појави азискиот стршлен кој убива пчелни, но и луѓе!

Последните години овој стршлен кој направи големи штети низ повеќе европски земји, а во некои ситуации е опасен и за луѓето, за прв пат се појавил и во Словенија.

Азиските стршлени неодамна ги забележал и ги пријавил пчелар од Пивка, во западна Словенија, каде што, се претпоставува, дошол од Италија бидејќи и таму е претходно забележан.
Азискиот стршлен, неавтохтон вид против кого европските пчели немаат пироден одбранбен механиам, прв пат е забележан во Европа во јужна Франција во 2005 година, а оттогаш се проширил и во Шпанија, Британија и Италија.
Тој е поголем од обичниот европски стршлен и може да порасн до 6 сантиметри. Лета со брзина до 60 километри на час, а пчелите не ги напаѓа само на лето, туку влегува во кошниците. За една минута може да убие 40 пчели кои немаат заштита против него. Во некои ситуации азискиот стршлен мож да биде опасен и за луѓето и тоа не само за оние кои се алергични на убодите, па така неодамна во Франција од убод од овој инсект умреле шестмина.