Во Словенија се урна мал авион, три лица загинаа

Мал авион се урна при дождливо време во западна Словенија, при што загинаа три лица. 

Како што соопштија словенечките власти, авионот се урнал синоќа во словенечките Алпи, во близина на селото Бовец.

Словенечката полиција соопшти дека вчера пред да исчезне од радарот, синоќа околу 18 часот, пилотот испратил итен сигнал за проблеми со леталото.

Тројцата загинати патници се Словенци.