Балкан

Во Словенија запленети 173 килограми кокаин

Во Словенија запленети 173 килограми кокаин

Словенечката полиција денеска соопшти дека во два камиони на паркинг во близина на италијанската граница, открила 173 килограми кокаин, што е најголема заплена на наркотици во последните 25 години.

Возачот на едниот камион е државјанин на Србија и е притворен. Неговиот камион минатата недела бил запрен за време на рутинска контрола на паркингот Повир, во близина на Сежана. При деталниот преглед на возилото полициските кучиња откриле 68 килограми кокаин во кабината на возачот.

Веднаш потоа во напуштен камион биле  откриени се уште 107 килограми кокаин.

Вредноста на запленатата дрога е од пет до седум милиони евра, додека на улица вредноста може да биде двојно зголемена.