Во Софија почнаа преговорите меѓу македонскаа и бугарската црква

Архиепископот Стефан и уште четворица владици на МПЦ во четвртокот  Софија ја имале првата средба со бугарската синодска делегација. Почетокот на разговорите меѓу Бугарската православна црква (БПЦ) и Македонската православан црква – Охридска ериепископија (МПЦ-ОА) за признавањето на автокефалниот статус, се одвовал во синодската палата на Бугарската патријаршија.

Освен Архиепископот г.г. Стефан, во македонската црковна делегација се и митрополитите Наум, Тимотеј, епископот Климент, но и Владиката Петар, како шеф на црковната дипломатија. Иако минатата седмица владиката Петар тврдеше дека не се согласува со писмото, тој вчера бил во Софија.

Засега нема официјални детали што е договорено на оваа прва средба, по писмото што пред неполн месец го испрати МПЦ.

Бугарските медиуми ги пренесуваат изјави на Патријархот Неофит и на Архиепископот Стефан.

„Не е лесен крстот што Бугарската црква го презема, затоа што досега ништо не се правеше за решавање на проблемот со македонската Архиепископија. Ајде сега Божјата промисла да не направи мудри учесници во меѓуцрковната комисија, за да се постигне посакуваниот резултат од сите, изјавил бугарскиот Патријарх.

Ахиепископот Стефан, пак, како што пренесуваат бугарските медиуми се заблагодарил на сите кои ја поддржале иницијативата за признавање на автокефалноста на МПЦ. Исто така, потврдил дека писмото со коешто се бара бугарската црква да прифати да биде мајка0-црква на македонската и така да ги застапува барањата на МПЦ за автокефалност, било поптишано едногласно.