Во сообраќајка кај Кавадрци тешко повреден 30-годишен маж

Во сообраќајка кај Кавадрци тешко е повреден 30-годишниот Ѓ.К. од Кавадарци.

Како што информира МВР, сообраќајната несреќа се случила вчера во 15.40 часот на патот Кавадарци – Мотел Дреново.

Ѓ.К. управувајќи со автомобил „Фолксваген Голф“ со кавадаречки регистерски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Во незгодата  кавадарчанецот се здобил со тешки телесни повреди , а поради сериозноста на повредите од Кавадаречката болница е пренесен во Клиничкиот Центар-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Кавадарци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.