Во сообраќајка тешко повреден 29-годишен кавадарчанец

Во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 22.56 часот на патот Кавадарци – Неготино на влезот во село Марена, со тешки телесни повреди се здоби 29-годишниот Д.Н. од Кавадарци.

Автомобил „Голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од З.Ј.(19) од село Марена се судрил со автомобил „Пасат“ со неготински регистарски ознаки, управуван од Д.Н..

На тешко повредениот кавадарчанец му била укажана лекарска помош во општата болница во Кавадарци, по што бил препратен во Ургентниот Центар во Скопје.

Возачот на гофот и сопатникот Д.Ф.(43) од Сопот, се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Увид на  местото на настанот извршила екипа од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.