Во сообраќајка тешко повреден 50-годишен маж

Во сообраќајка што се случила вчера во 16.55 часот во Битола тешко повреден е 50 годишен маж.

Сообраќчајката се случила на крстосницата од ул. „Прилепска“ и ул. „Гоце Делчев“, помеѓу автомобилите „Даеву Матиз“ со битолски регистерски ознаки, управуван од Т.Т. (50) од село Долно Оризари, битолско и „Ауди“ со битолски регистерски ознаки, управуван од З.З. (33) од Битола.

Во незгодата, како што информира МВР, со тешки телесни повреди (фрактура на четвртиот вратен пршлен и набиеници на главата) се здобил возачот на „Матиз“ Т.Т., кој е задржан на лекување во Медицинскиот центар во Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Битола.