Во сообраќајка тешко повреден моторциклист

Тешка сообраќајна несреча се случи вчера во близина на Куманово.

На 17.09.2016 година околу 22:05 часот на регионалниот пат  Куманово – Овче Поле поточно на мостот, случена е сообраќајна незгода во која А.И. (20) од Свети Николе, управувајќи Моторцикл марка „Лингкен ЛК-125“ со светиниколски регистерски ознаки, изгубил контрола над истиот и удрил во сообраќајниот знак по што паднал на десната коловозна лента, а додека моторциклот излетал од патот во ендек од десната страна во правец на движење.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.И. кој со возило на ЈЗО-Свети Николе бил пренесен во Клинички Центар-Скопје за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа увидна од полициска станица -Свети Николе. Се работи на целосно расчистување на случајот.