Во сообраќајка во Тетово тешко повреден пешак

Тешка сообраќајка на патот Скопје – Тетово, повредено дете

Пешак се здоби со тешки телесни повреди, откако претходно бил удрен од автомобил.

Како што информира МВР, вчера во 19.10 часот во Тетово на ул. „167“ се случила сообраќајна незгода во која М.И. (62) од с. Голема Речица, тетовско, управувајќи автомобил „БМВ“ со тетовски регистерски ознаки, удрил во пешакот М.Џ. (78) од село Мала Речица, тетовско.

Во незгодата пешакот М.Џ. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во  болницата во Тетово, поради тежината на повредите, е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.