Во сообраќајка загина позната црногорска манекенка

Во страшна сообраќајна несреќа животот вчера го загуби црногорската манекенка Ксенија Брковиќ. До несреќата дошло на патот Подгорица – Никшиќ, а во сударот учествувале две патнички возила, комбе и товарно возило.

Несреќната 24 годишна манекенка итно била префрлена во болница каде подлегнала на повредите.

ksenija-brkovik

ksenija-brkovik1

ksenija-brkovik2

Црногорските медиуми вчера јавија дека во несреќата загинал младиот црногорски политичар, 24 годишниот Славко Баковиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.