Во сообраќајката кај кружниот тек во Порта Влае повредени и две деца

Во сообраќајна несреќа што се случи синоќа кај кружниот тек во Порта Влае, повредени се шест лица, меѓу кои и две деца.

Сообраќајката помеѓу такси возило и автомобил марка „даеву матиз“се случи на крстосницата со улиците: Партизански одреди, Ацо Шопов и Ѓорче Петров. При сударот автомобилот се превртел, а во него покрај возачот, била С.Р (31) со своите три деца (1, 6, 8).  Тие со амбулантно возило се пренесени во Ургентниот центар, при што на жената и на две деца им се констатирани телесни повреди, а најмалото не е повредено. Возачот на „матизот“ Н.Д (31) одбил лекарска помош.

Од другата страна, со телесни повреди се здобиле и возачот на такси возилото Р.А (39), како и сопатниците И.Ј (22) и Р.Ј (46). Тие се амбулантно возило веднаш се пренесени во градската болница „8-ми Септември“, а по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.