Во сообраќајна несреќа загина 38 годишна жена

Триесет и осум годишна жена загина во сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар –Тетово.

Вчера навечер околу 21 часот и 45 минути, возило со тетовски ознаки, во кое биле маж, жена и 10 годишно дете, удриле во два коњи кои се движеле на автопат или во обид да преминат на другата страна.

Од ударот 38 годишната сопатничка од Мала Речица им подлегнала на повредите, додека 10 годишното дете се здобило со лесни повреди и е пуштена на домашно лекување.

Возачот поминал без повреди. Од ударот усмртени се и двата коња.

Сообраќајот од неготинска клучка, до наплатната рампа во Гостивар беше во прекин, а сообраќајот се одвиваше по спореден пат.

Јавен обвинител во присуство на екипа на полициската станица од Гостивар извршија увид, по што во   часот сообраќајот се одвиваше не пречено.

Инаку, портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, во неколку наврати преку соопштение апелираше за внимателност на овој дел од патот, како и до сопствениците на живината не контролирано да не ги пуштаат бидејќи по некое не пишано правило постојано се упатуваат кон автопатот.

Во саботата, на само 4 километри од вчерашната несреќа, возило со кумановски ознаки удри во стадо овци при што усмрти 25, но за среќа причинета е само материјална штета.

Инаку ова се чести особено на автопатот Гостивар – Тетово, каде речиси има секојдневни случки со кучиња бездомници. Македонија пат постојано поставува нова заштитна ограда, која непрекинато во доцните часови бесправно одредени лица ја присвојуваат за сопствени потреби, не размислувајќи за последиците во сообраќајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.