Во сообраќајка на автопатот Градско – Велес повредени 18 мигранти

Во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу полноќ на патот Градско – Велес во близина на месноста Венуле повредени се осумнаесет мигранти.

Повредените мигранти, кои биле превезувани во патничко комбе, се пренесени во велешката болница. Двајца од мигрантите се со тешки телесни повреди.

Возачот на патничкото комбе е приведен на испитување во велешката полиција.